Тренерот на Џенова, Чезаре Прандели откри дека капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев се вратил повреден од настапите за националниот тим против Летонија и Словенија. Пандев на нив стана рекордер по бројот на одиграни натпревари за нашата селекција, но ќе биде проблем неговиот настап во Серија А.
Токму поради повредата нашиот најдобар фудбалер не играше против Интер кој ја совлада Џенова со резултат од 0:4.