Во тек е организацијата за овогодинешното издание на Струмичкиот Карневал. ЈПКД “Комуналец“ како и секоја година ги стави на располагање своите технички и човечки ресурси на одборот за организација на карневалот, за да се задржи континуиететот на квалитет на манифестацијата која е заштитен белег на градот. Пред почетокот на манифестацијата „Струмички Карневал“ екипи од одделението „Комунална хигиена“ реализираат акции за уредување и расчистување на централното градско подрачје, влезовите и излезите од градот. Генерално чистење и уредување е извршено на сите пристапни улици до булеварите каде ќе продефилираат учесниците во овогодинешната карневалска поворка. Минатата година низ улиците на Струмица поминаа околу 2.000 учесници. Имаше групи на учесници од Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Албанија, Бугарија, Германија, но и од Аруба – холандските Антили. Околу 50 000 посетители беа регистрирани како гости дојдени да ја почуствуваат карневалската магија на градот. Но ниту една активност на ЈПКД “Комуналец“ не е доволна без поддршка од граѓаните. Затоа апелираме и оваа година, Струмица да ја покажеме во вистинско светло на Европски чиста и уредена Општина.
КОМУНАЛЕЦ:Градот подготвен за овогодинешниот “Струмички Карневал„
📌Родителски фронт во вторник, на ден 24.12.2024 година, со почеток во 17 часот, во Киноверзум, во Домот на културата,, Билјана…
Се вработуваат две лица за работа во ОБЕЗБЕДУВАЊЕ во Струмица. Потребно е претходно работно искуство и да поседуваат лиценца. Сите…
По завршувањето на вонредно изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), новиот претседател Масар Омерагиќ одржа состанок со членовите…
Денеска (22.12.2024) полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола во угостителски објекти на подрачје на Струмица. Притоа, во еден угостителски…
Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ: Од вечерва почнуваат подготовките за големата победа на…
На 23 декември, понеделник, Струмица ќе биде сведок на уникатен настан – шестминутното шоу на 150 дронови од Coca-Cola, кое…