Денеска ја одбележуваме 15-годишнината од загинувањето на Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски.
Во име на неговиот спомен УМС НА ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА додели симболични флаери со неговата мисла за младите:
“Верувам дека, како млади луѓе не живеете во предрасуди ,омраза и нетолеранција. Знам дека тоа можете да го докажете затоа што сте модерна генерација со безгранични можности и имате подобар пристап до достигнувањата на развиениот текст и технологијата.“– напишаа тие на својата официјална страница.