Од засега непознати причини, се’ поголем број возачи не успеваат во намерата да направат разлика меѓу „плоштад“ и „паркинг“. Точно е дека и двете места се карактеризираат со големо пространство, но да повториме уште еднаш:
Паркинг е простор уреден за паркирање на повеќе возила.
Плоштад е централно градско место предвидено за настани од јавен карактер и пешачка прошетка.