Струмица отсекогаш била и ќе биде впечатлива по многу нешта. Во продолжение, погледнете ја листата на нешта кои се нормални само во нашиот град:
- Само во Струмица „23-ката“ е веднаш после „19-ката“.
- Само во Струмица се среќаваат две значења на зборот „има“ – и’ма во сегашно време и има’ во минато време (без употреба на „имаше“).
- Само во Струмица има жив страв и трепет – Лазо Длгио.
- Само во Струмица плоштадот покриен со снег би бил совршена прилика за лизгалиште – патот од малиот парк до големиот, исполнет со многу подеми и падови!