- Преку лето е страшно кул да возиш мотор на твои 15 години. Во никој случај не ти се потребни возачка дозвола и заштитни реквизити, а по потреба бегаш од полиција и од бензински станици, како од оган.
- Нема ништо чудно врсниците да ги гледаш како се влечени надвор од клубот или како прават хистерични сцени по плоштад. Се разбира дека ќе се пие до фаза на интоксикација.
- Се разбира дека најважниот дел од излегувањето е да го сликаш „килакот“ алкохол пред тебе, што да не, се излегува за да се ужива во музиката? Што се однесува до музиката, прегледуваш стори од минатата вечер и таму имаш цел репертоар.
- Какво е тоа зборување во живо со оној кој ти пишал на фејсбук? Тоа е строго забрането. Се знае каков е редот- на фејсбук ќе се симнат ѕвезди, а во живо поглед напред, нема лево-десно. Избегнување на нивоУ.
- Како мислиш не ги знаеш „Не сме безгрешни, но сме истински“ и сите песни, вклучително и кореографијата на Мc Stojan?