Вчера делегација на Општински Комитет ја посети Католичката катедрала Успение на Пресвета Богородица во Струмица. По времето на редовните вечерни служби Претседателот Александар Донев, Претседателката на Унија на жени Тања Достинова Запрова, Претседателот на УМС Христијан Велков го споделија Божиќното и Новогодишно расположение со подарок- пакетчиња за децата кои учествуват во претставата по повод Божиќ и децата министранти на Катедралата. Општинскиот комитет во текот на 2018 година реализираше хуманитарни активности и настани поврзани со традицијата и општествените вредности предвидени согласно со програмата за работа.