strumica denes logo

Италија „грми“, Пандев не доби чист пенал во 93. минута!

Автор:

Датум:

декември 17, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

декември 17, 2018

Категории:

Спорт

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев влезе од клупата на мечот меѓу Рома и Џенова на „Олимпико“, а пред финишот врз него беше направен прекршок, кој судиите не го санкционираа со пенал.

Напаѓачот по еден центаршут тргна да ја удри топката со глава, но во казнениот простор беше оттурнат од Флоренци. Се бараше најстрога казна, меѓутоа главниот судија Ди Бело остана нем на протестите и дозволи Рома да ја има сигурната победа во свои раце.

При прекршокот врз Пандев не беше активирана ниту ВАР-технологијата, која сигурно ќе покажеше дека се работи за удар на белата точка.