strumica denes logo

ЗДРАВА КОТЛИНА: БЕДА И СРАМОТА ВО ХОТЕЛ СИРИУС! (Пиво, салама, кашкавал, органско земјоделие и отров од рудникот на смртта)

Автор:

Датум:

декември 16, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

декември 16, 2018

Категории:

Култура

ЗДРАВА КОТЛИНА:

БЕДА И СРАМОТА ВО ХОТЕЛ СИРИУС!
(Пиво, салама, кашкавал, органско земјоделие и отров од рудникот на смртта)

Синоќа, во хотелот Сириус, Еуромакс Рисорсис уште еднаш ја покажаа сета своја беда, бескрупулозност и цинична манипулативност. Под парола на некаква трибина или „Саем за вработување“, организирале средба со жители од струмичко, на кои повторно им врзуваа лаги со опашки за наводната безопасност на рудникот, за наводната нова безопасна технологија, за просперитетот и развојот што ќе го донеле, за тоа како ќе развивале земјоделство, па згора на тоа и органско, и слични небулози. Само, не објасниле што ќе прават со отровите кои ќе ни ги сервираат.

За таа цел, во улога на стручни лажговци, беа донеле двајца свои стари муштерии од платниот список на компанијата, еден од Градежниот факултет во Скопје (Љупчо Петковски), другиот од Рударскиот во Штип (Благој Голомеов), со цел да ги мамат луѓето за безопасноста на рудникот. Овие потплатени морални ништожници беа присутни и на Консултативната средба со владата во јули во Струмица, кога беа растурени како канти од настапот на еко-активистите, и сега повторно беа во служба на своите сопственици од Еуромакс. Продадени професори во класичен конфликт на интерес, луѓе без одговорност, без срам и без морален интегритет, бидејќи даваат „стручно“ покритие на потенцијално масовно злосторство. (Во наредниот период ќе објавиме листа на сите платени „експерти“ кои учествуваат во злосторството).

Всушност, целта на оваа збирштина беше да се креира ПР пропаганден настан, со кој Еуромакс сака да покаже дека има поддршка меѓу населението, но и да им служи како покритие во јавноста, пред владата и пред потенцијални кредитори, бидејќи компанијата е во условен банкрот. Плус да манипулираат со наводната нова безопасна технологија во која ќе немало „лужење“, за што според наши извори се подготвува нова фалсификувана Оценка за влијание врз животната средина.

И воопшто не е тешко денес да собереш 300 луѓе, од кои најголемиот број социјални случаи, сиромашни луѓе, луѓе-жртви, пропаднати „бизнисмени“, недефинирани „здруженија“, и секако препознатливи бескрупулозни лакомци, кои манипулираат со нив, така што на сите им ветиле бесплатно јадење и пиење, па и новогодишни пакетчиња. Беше тажно и бедно да се гледа таа навала на тешко изманипулирани и злоупотребени луѓе кон „шведската маса“ и кон пивата, додека директорите на Еуромакс цинично се смеат. Всушност, командата за „напад“ врз јадењето и пиењето беше дадена откако нашите активисти влегоа во дискусија со „професорите“ и со општопозната лажливка-модерторка од Еуромакс, со цел присутните да не ги слушнат аргументите против рудникот.

Бедно и срамно е да се слушне дека на некои им се давани по 500-1000 денари за да присуствуваат, а имаме документирано случај дека еден попознат стрмичанец го изманипулирале така што му рекле дека е поканет на промоција на книга, седна во првите редови, го фотографираа, но откако виде за што се работи, веднаш си замина. По настанот, во разговор со некои луѓе, оние што сепак не се толку глупави, тие веднаш потврдија дека се тешко изманипулирани, стоејќи гротескно со белите торбички со „подароци“ од Еуромакс во вид на разноразни евтини партали. Еден од нив самиот рече: Очигледно толку вредиме. Други се изреволтираа, откако сфатија дека во белите торбички дома на децата всушност им носат отров од рудникот.

Всушност, со овој „настан“, бескрупулозната компанија ја покажа својата немоќ да ги увери нормалните информирани граѓани и сериозните бизнисмени дека му носат добро на регионот, па прибегнуваат кон вакви гнасни манипулации со луѓе хендикепирани по разни основи, луѓе во тешка материјална состојба, или едноставно брутално излажани. Очигледно е дека Еуромакс има систем од “доушници“ низ селата и во градот, кои имаат увид во состојбата на некои граѓани, и поединечно им пристапуваат, нудејќи им „подароци“ и секако бесплатна лапачка и пијачка. Ние тие платеници ги знаеме, а во наредниот период ќе почнеме да ги објавуваме јавно, почнувајќи од Иловица, за сите да знаат кои се предавниците кои работат против сите нас за пет крвави гроша од гробарите на Струмичката Котлина. Ќе ги објавиме сите кои имаат „зделки“ со Еуромакс.

На компанијата Еуромакс ѝ го порачуваме следново: Тие кутри луѓе што сте ги собрале, лажејќи ги, ни најмалку не го отсликуваат реалниот однос на огромното мнозинство граѓани против рудникот. Вие се самозалажувате со вакви гротескни манипулации. Реалноста е многу неповолна за вас. И друго: Сте ангажирале обезбедување, со право. Имено, ние од организираниот отпор, всушност, имаме проблем да ги одвраќаме и задржуваме оние жители на струмичко кои се целосно свесни за злото на рудникот, а кои се подготвени за екстремни мерки, со цел да се заштитат себеси и своите потомци. Како што стојат работите, веќе нема да можеме да влијаеме врз нивната решеност проблемите да ги решаваат на малку поинаков начин.