Во сабота 15-ти декемри, во Струмица ќе се случи свечено отварање на првата концепт продавница која го носи името 38 Concept Store. Првата концепт продавница ја отворил Ралф Лорен во Њујорк, во 1986-тата година, а идејата за истата била да се создаде средина која ќе може да се трансформира во еден поразличен свет, во истражување и авантура за купувачите. Идејата за концепт продавница, мора да ги спои врвниот квалитет на произодите и услугите во различни сектори преку едно кохерентно и хармонично искуство.
Всушност, дефиниција на концепт продавница е место кое ќе постави чувство на истражување и откривање од страна на клиентот преку плуралноста на сугестии кои доаѓаат од различни производи, внимателно одбрани, а воедно припаѓаат на една одредена тема и презентираат одреден лајфстајл.
Ваквиот вид продавници во светот стануваат се попопуларни, заради хетерогеноста на производите кои ги нуди, како на пример: мода, аксесоари, парфеми, книги, растенија,
дизајн предмети за домот, мебел и сл.
38 Concept Store, ќе биде првата концепт продавница во државата, која на купувачите ќе им понуди рачно изработени производи. Убедени сме дека секој еден ќе се пронајде во мноштвото аксесоари изработени со полу-драгоцени камења, бисери, алпака и тибетско сребро, дизајн предмети и декор за домот, илустрации, растенија итн.
Улица „Пере Тошев“ – бр2. или поточно кај кружниот тек кај „Бурчо“