Екипата на Астраион успеа да го оствари резултатот кој се посакуваше и да останат во трка за плеј-офот до последното коло. Победата од 22:18 над лидерот во Групата 2 од Првата машка лига, Вардар Неготино значеше дека Астраион ќе има уште еден меч да се избори за пласман во плеј-оф групата.
Уште во првото полувреме се виде дека Астраион има расположени ракометари кои ќе можат да донесат победа против неготинци. Одиграа сигурно и дојдоа до 11:7 после 30 минути игра. Овој резултат воедно значеше дека во второто полувреме ќе треба да се одигра смирено и да се зачува предноста.
Тоа не беше проблем за домашните кои знаеја четирите гола разлика да ги сочуваат. Одиграа доволно добро за да останат во предност против тимот на Вардар Неготино, кој веќе е сигурен во плеј-офот, па со победа од 22:18 се изборија за натпревар во Скопје против Јуниор Кисела вода на кој одат по победа за плеј-оф.
АСТРАИОН – ВАРДАР НЕГОТИНО 22:18 (11:7)
Сала: „Парк“ во Струмица. Гледачи: 700. Судии: Војо Христовски и Бобан Мајнов од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.
АСТРАИОН: Гогов, Перовановиќ, Спасов, Нурев, Котевски, Велков 2, Партинов, Кавазов, Беџовски, Катранџиев 1, Касапов, Кочев, Стојанов 5, Ончев 12, Стојанов.
Седмерци: 3/4, Исклучувања: 6 мин.
ВАРДАР НЕГОТИНО: Темелков, Јанев, Трајков, Кузманов, Ивановски, Којев, Митевски, Арсов 1, Велков, Стаменов, Окардов 2, Недевски, Коцев 11, Косановиќ 2, Трајковски 2, Вељанов.
Седмерци: 2/4, Исклучувања: 10 мин.