strumica denes logo

Градоначалникот разговараше со граѓаните на Габрово, Банско и Муртино за нивните барања!

Автор:

Датум:

ноември 20, 2018

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

ноември 20, 2018

Категории:

Струмица

Изведба на атмосферска и фекална канализација, изградба на филтер станица, асфалтирање на улици, чистење на одводни канали, детски градинки, се дел од барањата на граѓаните од населените места Габрово, Банско и Муртино, презентирани на Собирите кои што синоќа ги одржаа градоначалникот Коста Јаневски и неговите соработници, пред донесувањето на буџетот за 2019 година. Собирите со граѓаните по месните заедници продолжуваат вечерва во населените места Рич и Попчево, а ќе се одржат во 18 и 19,30 часот во просториите на училиштата.