Изминатиов викенд се одржа второто коло од одбојкарски шампионат на Македонија, по кое три екипи остнаа со максимален биланс, три сè уште чекаат на својата прва победа, а четири се со половичен биланс.
Во дербито на колото екипата на Џио Струмица пред својата публика славеше убедлива победа од 3-0 (25-16, 25-15, 25-13) над големиот ривал Вардар и остнаа на лидерската позиција на табелата.