Македонија Ѓорче Петров ја прекина црната низа во македонскиот фудбалски шампионат и на гостински терен кај Беласица успеа да освои три бода (1-4), со што тимот првпат победи по три порази во низа.
Избраниците на Таневски беа на нивото и одлично се спротиставија на струмичани кои дома се „тврд орев“. Јунак на гостите беше искусниот голгетер Христијан Кировски, кој даде два гола и покажа дека е лидер на овој тим.