strumica denes logo

ПРОГЛАС НА ВМРО- ДПМНЕ СТРУМИЦА

Автор:

Датум:

ноември 1, 2018

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

ноември 1, 2018

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица изразува целосна поддршка на одлучната и мудра политика на раководството на Партијата предводена од Претседателот Христијан Мицкоски.
Целокупната структура на огранокот низ консултации со месните комитети, униите и телата го поддржува раководството во одлуките да се спротивстави и води самостојна политика.

Ние кои со јасни и чесни намери стоиме на браникот на својата Партија и татковината Република Македонија го согледуваме веќе видено сценарио преку интрига да се создаде притисок од внатре и надвор, а со цел да влијае на политиката на Партијата.
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица констатира дека исклучително лошата политичка и економска состојба во земјата, проследена со невиден атак врз опозицијата создава дополнителен мотив и генерира активизам помеѓу членството и граѓаните. Оттука, задачата што се поставува пред структурите е да се издржат сите притисоци, да се продолжи со работа и екипирање и сериозно да се излезе во пресрет нашите сограѓани соочени со пролеми.

Струмица две децении се соочува со лоши политики и навики кои за жал, во моментот разорно се проектират на национално ниво.
Општинскиот комитет во своето дејствување се надоврзува на значењето на традицијата за регионот и, проевропскиот тренд во градење и одржување на вредностите.

Општинскиот комитет му дава целосна поддршка на Лидерот Христијан Мицкоски и на Извршниот Комитет да истрае во борбата против ненародната власт, како прв чекор во остварувањето на нова визија за нашата татковина и општина.
Во исто време ги повикуваме сите членови, симпатизери и сограѓани да ни се приклучат во истрајната борба против оние што си поиграа со нашето национално, социјално и човечко достоинство.

Почитувани,
Дојдете заедно да работиме и да победиме, да ја чуваме и градиме нашата иднина.

Да живее В М Р О – ДПМНЕ

Да живее Република Македонија.

ОК ВМРО-ДПМНЕ Струмица.