Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски” Скопје е единствено средно училиште за ученици со со оштетен слух в Р.Македнија.Учениците и наставниците ја искористија шансата што ја нуди програмата ЕРАСМУС+ за професионален развој, проширување на своите хоризнти на Европска мисла, менталитет и благосостојба. Реализирани се две мобилности, во две држави, Бугарија и Португалија.
Самите мобилности беа едно незаборавно, единствено и премногу едукативно искуство за самите учесници. Учениците во партнер училиштето во Софија, Р.Бугарија имаа можност да се стекнат со нови знаења и практични вештини за подготовка и сервирање на храна. Имаа можност да подготват и пробаат многу специјалитети познати во Бугарија. Целиот проект беше извонреден, еден прекрасен микс од обука, напорна работа но и време за прошетки и екскурзии кои допринесоа учесниците во проектот да дознаат и научат повеќе за културата, традицијата, обичаите и кујната на самата земја домаќин.
За нашите ученици кои што немале многу можности за патување надвор од рамките на нашата земја, оваа размена на искуства, нови идеи, запознавање на нови луѓе, учењето на нов јазик, култура, нови вкусови беше еден позитивен шок и побуди еден ентузијазам и желба кај нив за понатамошно едуцирање, а исто така побуди и интерес и поголемо почитување кон традиционалните вредности. Самата мобилност исто така им помогна на учениците за нивна понатамошна лична и професионална надоградба и усовршување, а ќе биде од големо значење на нивното понатамошно едуцирање и нивната идна професија. Оваа стекнато европско искуство за целата група е од огромна помош на полето на унапредување и промовирање на стручното образование, посебно на специјалното образование во Р.Македонија.
Другиот предизвик беше од областа на примената на современи паметни ресурси во настава (мобилни уреди, таблети). Обуката на која ја следеа седум наставника беше многу практична и апликациите со кои тие се запознаа се лесно применливи во сите наставни предмети. Она што организаторот го понуди во потполноста се реализираше, а тоа беа алатки со кој наставникот може да креира интересни, активни часови и да овозможи современ пристап во наставата. Како резултат на спроведените проекти и благодарение на Националната агенција за европски образовни прграми и мобилност, направени се промени на ниво на училиште и пошироко. Комплетно се опреми и започна со работа кариерен центар на ученици каде тие се советуваат за идните чекори во кариерата.
Се зголеми бројот на наставници кои учествуваат на конференции во и надвор од земјата со свои стручни трудови.
Се прошири мрежата на соработка со голем број наставници во земјата, но и надвор од неа. Се воспостави практика на он лајн комуникација со колегите од странство и размена на добри практики.
Но најголема промена, како резултат на спороведените проекти и стекнатото искуство е воведување на англискиот јазик како наставен предмет во сите години на образованието.