strumica denes logo

Струмичанецот Секулов не сакал да игра за Македонија, „бевме условени од неговиот родител“ – изјави селекторот!

Автор:

Датум:

октомври 18, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

октомври 18, 2018

Категории:

Спорт

Извор:ГОЛ.МК

Како што објави порталот ГОЛ.МК, фудбалската селекција на Македонија до 17 години ги започна подготовките за претстојниот претквалификацискиот турнир за влез во елитна фаза квалификации на УЕФА.

Нашите надежи на овој турнир, кој се игра во Скопје, ќе се судрат со своите врсници од Шпанија, Израел и Фарски Острови, а селекторот Марио Вујовиќ, повторно на располагање нема да го има својот најдобар поединец, Никола Секулов, кој ги брани боите на италијански Јувентус.

„Сметам дека во овој тим голема поддршка и квалитет ќе донесеше Никола Секулов, доколку беше во репрезентацијата, но иако добиваше покана за настап на секој контролен натпревар до овој турнир, Секулов не ја прифаќаше, односно не сакаше да игра за Македонија, а на крајот дури бевме условени од неговиот родител со повик и за неговиот брат во генерацијата 2000 година, за Никола Секулов да се стави на располагање на нашата репрезентација“, изјави селекторот Вујовиќ.

Секулов својот последен натпревар за наша селекција го одигра пред една година, кога беше дел од претквалификациите, но не заигра во елитната фаза. Македонија У17 својот прв натпревар од овој турнир го игра в сабота против селекцијата на Шпанија.

16-годишниот офанзивец бележи фантастични партии во дресот на младинските категории на Јувентус. Минатото лето со тимот до 15 години стана првак на Италија, а веднаш потоа го освои Суперкупот, на кој постигна погодок и беше прогласен за МВП.