strumica denes logo

Повторно кривична пријава за поранешниот градоначалник на општина Василево

Автор:

Датум:

октомври 16, 2018

Категории:

Хроника, Василево

Автор:

Датум:

октомври 16, 2018

Категории:

Хроника, Василево

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.С.(51) од село Едрениково, општина Василево и Л.Н.(45) од село Василево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 27.02.2014 до октомври 2017 година пријавениот, како градоначалник на Општина Василево, спротивно на Законот за изменување и дополнување на законот за јавните претпријатија, донел пет решенија за именување на второпријавениот за вршител на должноста директор на ЈПКД „Турија“ – Василево, и покрај тоа што не ги исполнувал предвидените квалификации за потребниот степен на образование за наведеното работно место. На 21.11.2016 година второпријавениот, како вршител на должноста директор на ЈПКД „Турија“ – Василево, спротивно на Законот за административните службеници, изготвил и потпишал решение за распоредување на јавен службеник на раководно работно место во наведеното јавно претпријатие, кој исполнувал предвидените квалификации за потребниот степен на образование за наведеното работно место.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ: