Струмица вчера се изјасни на референдумот кој го опфаќаше прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ со заукружување „за“ или “против“.
До 11:00 часот во Струмица гласале 8,53%
До 13:00 часот во Струмица гласале 17,10%
До 15:00 часот во Струмица гласале 24,11%
До 17 часот во Струмица гласале 30%
До 18:30 часот во Струмица гласале 35,05%
Кризниот штаб против референдум пак изјави дека биле забележани нерегуларности во Струмица, односно било забележано и поткупување гласачи во струмичкото ромско маало.