strumica denes logo

4 места-предлози за уникатна фотосесија на отворено во Струмица

Автор:

Датум:

октомври 3, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

октомври 3, 2018

Категории:

Култура

Во екот на свадбени и матурски прослави, за струмичани стана вообичаена работа да си закажат термин за фотосесија, што не е баш обичај за останатите македонски градови. Бидејќи сме во текот со модерното, тимот на Струмица Денес ги одбра 5 – те најдобри локации за успешна фотосесија на отворено, без тука да спадне веќе познатото езерце во паркот.

 

  1. Патот за манастирот „Св.Илија“

-трим патеката до манастирот „Св.Илија“ може да биде одлична локација за фотографирање, особено ноќно време, кога во позадина светлата на градот блескаат создавајќи илузија на ѕвездено небо.

  1. Улиците на стариот дел од градот

-стариот дел од градот, којшто започнува од познатата „Варош“ маала (основното училиште „Маршал Тито“) и води по патот кон старата струмичка џамија и пошта се местото кадешто живеат првите доселени струмичани. Тесни сокачиња и испреплетени улички, започната кула во изградба, староградска архитектура се само дел од нештата коишто ќе допринесат вашите слики да добијат печат од едно друго, поинакво време.

  1. Црквата „Свети Петнаесет тивериополски свештеномаченици“

-уникатната градба на црквата и живописниот двор создаваат неповторлив спој од елементи за совршени фотографии.

  1. Административната зграда на УЈП – Струмица

-новоизградената зграда во барок стил е несекојдневна позадина за фотографија, особено ноќно време, кога е соодветно осветлена.