Повредата е минато за Горан Пандев, па откако не настапи на дуелот со неговиот поранешен клуб Лацио, се врати во тимот и блесна против Киево на „Луиџи Ферарис“. Имено, во првиот дел не му одеше од нога, беше нервозен, заработи и жолт картон, но во второто полувреме работите се сменија.
Во 54. минута струмичанецот го совлада ветеранот Сорентино, откако претходно на мал простор си поигра со гостинската одбана. Ова е втор гол во сезоната , со кој зголеми на 2-0 за Џенова против „летечките магариња“.
Претходно, капитенот на македонската репрезентаиција погоди во убедливиот пораз од Сасуоло во Реџо Калабрија.