strumica denes logo

Живковиќ: Беласица ќе биде хит во ПМФЛ, верувам во овој проект

Автор:

Датум:

септември 20, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

септември 20, 2018

Категории:

Спорт

Екипата на Беласица без многу проблеми забележа сигурна победа над Пелистер, во рамки од првиот натпревар од осминафиналето на Купот на Македонија.

Прволигашот со по еден гол во двете полувремиња си обезбеди мирен реванш во Струмица, а новиот стратег на тимот Милан Живковиќ ги искажа своите импресии од овој меч, и откри што очекува од тимот во иднина.

„Неколку пати сум кажал и пак ќе повторам. Нашата екипа се вклопи дури кон средината на овој месец. На крајот од преодниот рок доведовме играчи какви што ни недостастуваа и ним им требаше време за адаптација. Тој период нè чинеше загубени бодови во првенството, што е нормално. Сепак, во овој момент ме радува пристапот на моите фудбалери. Тоа што го тренираме и договараме го применуваат на терен и иако ова не е тоа што го очекуваме, сепак дава резултати. Денес одигравме добар натпревар. Пелистер не е така слаба екипа, но ние бевме на ниво и можеме да жалиме што не победивме поубедливо. Се надевам дека добрата серија ќе продолжи и по двете реми средби и победата над Пелистер на ред следи уште еден триумф во следниот дуел. Тука пристигнав бидејќи верувам во овој проект на клубот и мислам дека Беласица наскоро ќе биде хит во првенството. Се надевам дека тоа ќе биде оваа сезона“, изјави Живковиќ

На денешниот натпревар заиграа Вујчиќ и Ивановски, а стратегот на струмичани за нив има само пофални зборови.

„Вујчиќ е она што нам ни треба. Фудбалер со голема прегледност, стабилен и има мирен и сигурен пас, додека со Ивановски добивме искуство и силна конкуренција во нападот, што е позитивна работа за овој тим“, заврши српскиот тренер.

Реванш натпреварот во Струмица на стадионот „Младост“ е закажан за по три седмици.