strumica denes logo

Работнички ги среди „пандевци“ и го презема врвот на табелата во ПМФЛ

Автор:

Датум:

септември 2, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

септември 2, 2018

Категории:

Спорт

Работнички и Академија Пандев ја заокружија саботната фудбалска програма во Првата лига на Македонија, натпревар кој се одигра под рефлектори на арената „Филип Втори“ во Скопје.

„Романтичарите“ како домаќини на овој дуел на крајот успеаја да ги освојат трите бода, успех со кој врзаа серија од три последователни победи во македонската фудбалска елита, учинок кој е доволен за искачување на првото место на табелата.

Избраниците на Ѓоре Јовановски беа далеку поефективни на вечерашниот меч, односно го претворија во гол ударот од 11 метри кој го изведе капитенот Остоја Стјепановиќ. Овој погодок беше постигнат во раната фаза од мечот, или поточно во 13-та минута, а иако гостите од Струмица беа далеку подобри во продолжение кога пропуштија неколку шанси, на крајот трите бода ги освои тимот од Дебар Маало.

Со третата победа во низа, Работнички го презема врвот на табелата токму од Академија Пандев, тим кој досега имаше максимален учинок од три победи на три натпревари.