strumica denes logo

Беласица се засилува: Дробаров и Петров нови имиња на „Младост“

Автор:

Датум:

август 30, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

август 30, 2018

Категории:

Спорт

Раководните луѓе на Беласица активно го засилуваат својот тим по лошиот старт на новата сезона во ПМФЛ, а денес во Струмица како нови засилувања беа претставени Влатко Дробаров и Немања Петров.

25-годишниот Дробаров настапува на стоперската позиција, а во тимот на Беласица доаѓа од АЕЛ Лимасол и се очекува да биде вистинско засилување за тимот. Во својата кариера настапуваше за Банатс од Ерменија, Мурчелагос од Мексико, Тетекс, Скопје и Напредок.

23-годишниот Немања Петров, кој дејствува по десната крилна позиција, на стадионот „Младост“ пристигна од Раднички Пирот и се очекува да придонесе за ефикасноста на тимот.

Беласица по првите три кола во новата сезона на ПМФЛ е без триумф и со три порази се наоѓа на последното место.