За популарната Лепа Брена или Фахрета Јахиќ-Живојиновиќ досега нема што не е кажано, па сепак таа и понатаму го привлекува вниманието на публиката. Иако е како што сите велат полна ко брод, таа не застанува, работи со полна пареа.
– Велат дека имам пари, а тоа според нив значи дека не треба веќе да пеам. Не разбирам какви се тоа бизарни прашања од типот: А, зошто ти Брено работиш уште кога имаш од што да живееш, зошто не си во пензија? Мислам….што треба да им одговорам на таквите кои не се слушаат што прашуваат, хахахахаа…. Дали да кажам, затоа што не можам дома да седам да варам грав или затоа што не сакам да везам некој гоблен за продавање, коментира популарната пејачка која ја иритираат прашањата околу нејзиното богатство…. Пејачката пред да стане ова што е денес, еден период од својот живот го поминала и во нашето Скопје. Тоа било пред дваесетина години кога со Боба имаа бизнис, а имаа и фирма во Скопје.
– Со задоволство го памтам тоа време. Македонија ми е во срцето. Само што денес Скопје не можам да го препознам, многу е сменето, многу е изградено, па и самата таа “Водњанска” по која се движевме воопшто не ми е иста, коментира згодната Фахрета.
Навистина, Лепа Брена е жена од бизнисот. Со Саша Поповиќ ја имаат “Гранд продукција” која произведува многу музички таленти, а преку нивното ТВ-шоу “Ѕвездите на Гранд” (кое од септември повторно тргнува на малите екрани) и многу македонски таленти преку ноќ станаа популарни пејачи, како на пример: Ристе Ристески, Огнен Здравковски, Ален Хасановиќ, Стефан Величковски, Христијан Тришоски, Филип Божиновски….
(целиот текст читајте го во печатеното викенд-издание на “Вечер“)
(Д.М. Фото: Инстаграм)