Следниот неработен ден за сите граѓани е вторник кога православните верници го празнуваат празникот Успение на пресвета Богородица.
Ова се сите неработни денови кои преостануваат:
Програма на неработни денови за 2018 година
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија во 2018 година неработни денови се:
За сите граѓани на РМ
• 8 септември (сабота), Ден на независноста
• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”
За граѓаните од православна вероисповед
• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
• 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци
• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик