Еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата, Горан Пандев, денес го слави својот 35. роденден и тоа како член на италијанска Џенова.
Калчолигашот испрати честитка до својот ветеран и тоа го направи на англиски, но и на македонски јазик.
Фудбалерот од Струмица ја започна кариерата во Беласица, од каде се пресели во Интер, па заигра во Лацио, а потоа повторно се врати меѓу „неразурите“. Наполи му беше трет италијански клуб, по што следуваше авантура во Турција, во дресот на Галатасарај.
Од 2015 година, па се до денес, Пандев е дел од екипата на Џенова, каде прифати помала плата со цел да настапува во италијанската елита.