ФК БЕЛАСИЦА:
Во повеќето спортски медиуми излезе информација дека Првата македонска фудбалска лига ќе започне без ФК Беласица поради неисполнети административни критериуми и обврски.
Со ова соопштение сакаме да ги известиме сите наши фанови, симпатизери, љубители на фудбалот како и цела јавност дека ФК Беласица ќе се натпреварува во ПМФЛ во наредната сезона 2018/19, исполнувајќи ги сите критериуми и обврски кои ги налага ФФМ.