strumica denes logo

Градоначалникот Јаневски со љубителите на филмската уметност уживаа во проекцијата на „Исцелител“

Автор:

Датум:

јули 19, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јули 19, 2018

Категории:

Култура

Во рамките на Оф програмата на годинашното издание на „Струмица опен фестивал“, синоќа, струмичани уживаа во проекцијата на македонскиот филм „Исцелител“ во прекрасна атмосфера покрај езерцето во големиот градски парк. Меѓу нив беше и градоначалникот Коста Јаневски и членови на Советот на општина Струмица.
Во рамките на програмата, вечерва, со почеток во 20 часот ќе стартува тридневниот уличен баскет на кошаркарското игралиште на средното општинско училиште „Јане Сандански“, а на кој ќе учествуваат рекреативци и љубители на кошарката организирани во 16 екипи.