strumica denes logo

ОСУМ ДЕНА ПРИТВОР ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НОВО СЕЛО

Автор:

Датум:

јули 12, 2018

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

јули 12, 2018

Категории:

Хроника

На градоначалникот на Општина Ново Село Боро Стојчев и уште три лица осомничени за шверц на цигари им е одредена мерка осумдневен притвор, а на едно лице му е одземена патната исправа и треба еднаш неделно да се јавува во Судот во Струмица. Вчера попладне петмината осомничени беа донесени во Основниот суд во Струмица, во присуство на адвокат, каде судија во претходна постапка им ја одредни мерката притвор која ја бараше јавниот обвинител, а притворот ќе го издржуваат во Прилепскиот затвор. Основното јавно обвинителство во Струмица ги товари за сторено кривично дело криумчарење, за кое е предвидедена казна затвор од шест месеци до 5 години.