Акцијата за генерално чистење на населените места продолжи и денеска. Вработените во одделението „Комунална хигиена“ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, денеска, работеа во населеното место Водоча. Извршено е генерално чистење, машински и рачно се метеа улиците, комплетно се средија парковите, беше искосена тревата и се собра и подигна отпадот од јавните површини. Според Бранко Горѓиев, раководител на „Комунална хигиена“, чистењето се врши согласно годишниот план за генерално чистење на населените места во општина Струмица.
„Комуналец“ денеска комплетно го исчисти селото Водоча

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ: