Фудбалерите на Академија Пандев со пораз од Локомотив Пловдив со 2-1 ги започнаа подготвителните натпревари за претстојната сезона.
Натпреварот меѓу пандевци и тимот на Локомотив се одигра во тренинг базата на бугарскиот тим во Самоков. Домаќините поведоа со голот на Карагарен во 18. минута, а во 81. минута Кристијан Велиновски со одличен погодок од околу 25 метри израмни на 1-1. Конечните 2-1 само пет минути подоцна ги постави Михалевиќ од пенал.
По одигрувањето на вчерашниот натпревар пандевци веднаш се вратија во својот тренинг центар во Струмица, каде ќе бидат до 18 јули, по што подготовките ќе ги продолжат во Банско, а планирано е одигрување на уште шест пријателски натпревари.