strumica denes logo

На иницијатива на градоначалникот Јаневски ќе се пробиваат патишта до нивите во атарите на населените места

Автор:

Датум:

јули 2, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јули 2, 2018

Категории:

Култура

Иницијативата на градоначалникот Коста Јаневски, а произлезена од заедничките средби со жителите на населените места во општина Струмица, за пробивање на пристапни патишта до нивите, ќе се реализира. Откако во февруари годинава при посетата на селото Сачево, истата му беше пренесена на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, тој денеска на заедничката посета со градоначалникот Јаневски на селото Добрејци, информираше дека министерството го објави јавниот повик за поднесувања на барања за субвенции за финансирање на инвестиции за реконструкција и пробивање на пристапни патишта до земјоделско земјиште, а за што се обезбедени 30 милиони денари.

Градоначалникот Јаневски во изјавата за медиумите, рече дека овие мерки ќе бидат корисни за земјоделците и ќе бидат опфатени населените места каде што има потреба од таква интервенција.

-Иницијативата за да се преземат такви мерки произлезе токму од општина Струмица, затоа што овој крај е познат по земјоделските активности и секако произлезе од граѓаните со кои разговаравме пред тоа, бевме на терен и на многу места се спомна како потреба. Општинските можности за делување во тој дел се ограничени и затоа ние цело време инсистиравме овие мерки да се воведат и како редовна пракса за што и разговаравме со министерот, а не да бидат интервентни само за една година, имаме големо разбирање од министерот, а знаеме дека и Премиерот ги познава приликите во нашиот крај. Се виде дека таа мерка е корисна и еве почнуваме, ова е прва година и вообичаено се појавуваат некои административни пречки кои што малку не успоруваат, меѓутоа, патот веќе се трасира и јас верувам дека оваа мерка ќе биде редовна која што очигледно е многу потребна за нашите земјоделци. Ние сме подготвени уште многу порано со овие проекти, сега се направија некои корекции бидејќи финансиите се распоредуваат за цела Македонија, се појави поголем интерес отколку што очекувавме на почетокот, но тоа е нормално и така треба да биде. Нашите служби уште пред неколку месеци излегоа на терен и во соработка со локалното население беше нотирано кои се тие поважни, би рекол, артерии низ полето и кои сите ги користат. Внимаваме во сите населени места да има такви интервенции и нашиот дел чини околу 4 милиони денари и ќе ги распоредиме во селата Муртино, Добрејци, Просениково, Баница, Сачево, Дабиле, односно, сите населени места ќе бидат опфатени согласно нивните потреби и барања. Се надевам дека овој проект ќе биде корисен за нашите земјоделци, рече Јаневски.

Жителите на Добрејци го потврдија задоволството од пробивањето на пристапни патишта до нивите и изјавија дека ова е прв пат во решавањето на нивни проблем да се вклучат општината и државата.