Организаторите на најголемиот фестивал во Југоисточна Македонија “Струмица опен фестивал“ ја објавија целосната програма на овогодинешното 7-мо издание на фестивалот кој ќе се одржува од 10-ти до 19 август.
Лепа Брена која ќе настипи на 18 август во Струмица. Лепа Бренa koја важи за една од најголемите и најпознатите југословенски пејачки на сите времиња ќе настпини на Струмичкиот плоштад.
Распоредот за трите завршни вечери на фестивалот е следен:
На 17 август помеѓу останатите настапуваат Тамара Тодевска, Владо Јаневски, Тони Цетински. На 18 август ѕвезди на вечерта ќе бидат Марија Шерифовиќ и Лепа Брена. Додека на последната вечер ќе настапат: “Црвена јабука“, “Дубиоза колектив“ и Саша Ковачевиќ.