strumica denes logo

Бербер и бар Вторник доаѓа на Д ФЕСТИВАЛ за УЛТРА-КУЛ фестивалски стајлинг!

Автор:

Датум:

јуни 21, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јуни 21, 2018

Категории:

Култура

Покажи го својот уникатен стил на Д-Фест, заедно со Бербер и бар Вторник ! Секој ден ќе рокаме јаки фризури и спремни ве испраќаме на сите музички настапи, затоа што само оригиналниот стил бидува забележан!

За прв пат во Македонија, нешто различно и токму во градот-„провинција“ Струмица. Бербер и бар Вторник е збир на луѓе кои инспирирани од старошколските манири, веќе една година му бодат очи на денешниот модернизам, нудејќи класични фризури, кралски бричења, многу пиво, виски, за оригинален стил. Сето ова и многу повеќе, за прв пат го носиме на Д Фестивал и заедно со сите рокери, панкери и луди фестивалџии ќе правиме јаки фризури и ќе уживаме со многу музика.

Секој ден од 10:00 до 17:00 – затоа што цел викенд ќе биде Вторник!