strumica denes logo

Градоначалникот Јаневски положи цвеќе пред спомен бистата на борецот Боро Поцков

Автор:

Датум:

јуни 18, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јуни 18, 2018

Категории:

Култура

Во организација на Општинскиот одбор на Сојузот на борците на Македонија од НОАВМ 1941/45 година и граѓаните продолжувачи, денеска, пред спомен бистата во малиот градски парк беше одбележана 37-годишнината од смртта на Боро Поцков – Мирко. Во знак на почит, свежо цвеќе пред спомен бистата на борецот положи градончалникот на општина Струмица, Коста Јаневски. За животот и делото зборуваше Соња Чурлинова, претседател на Општинскиот одбор на СБМ од НОАВМ и граѓаните продолжувачи, а членови на рецитаторската секција при домот за деца и млади „Благој Мучето“ рецитираа револуционерна поезија.