strumica denes logo

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН МИТКО ТОШЕВ!

Автор:

Датум:

јуни 18, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јуни 18, 2018

Категории:

Култура

Редакцијата на Струмица Денес од се’ срце му го честита роденденот на уметникот и професор Митко Тошев!

Митко Тошев своето ликовно творештво го почнува на 5 годишна возраст, а веќе на 10 години приредува серија на изложби. Уште тогаш е наречен “чудо од дете”. Во неговиот развој како ликовен уметник голема е помошта од еминентниот ликовен педагог и професор, Петар Мазев, кој оценувајќи дека има огромен потенцијал го носи на Бриони, кај Јосип Броз – Тито, каде Тошев на маршалот му изработил портрет во живо. Веќе на 11 годишна возраст го свртува вниманието на ликовната јавност, со успешното претставување на самостојни ликовни изложби. Твори во сите медиуми-платно, дрво, мермер, стакло, порцелан, керамика и други, но сепак се издвојувува неговото знаење и талент во изработката на портрет како најтешка дисциплина во ликовното творештво и тоа на тема портрети во бронзен, сребрен и златен медал. Автор е на бронзена статуа со ликот на трагично загинатиот македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена Тоше Проески, која им ја подари на родителите на Тоше.Добитник е на повеќе награди меѓу кои и наградата за хуманист статуетка на Мајка Тереза.
Денес Митко Тошев е професор по ликовно воспитување во струмичката гимназија “Јане Сандански“.

Митко Тошев првата ликовна изложба ја одржа во 1982 год. на 10 годишна возраст во домот на армијата во Струмица со серија на изложби, ”Портрети на Јосип Броз Тито” и серија на изложби со над 50 портрети на ликови од Илинденската епопеја меѓу кои се издвојува ликот на Гоце Делчев кој е репродуциран во 10.000 примероци кои дел се испраќаат во диjаспората АвстралијаАмерика и низ Европа. Во МАНУ 1988 година организира изложба портрети масло на платно со македонски револуционери. Изложбата со портретите патуваше низ градовите ЧикагоЊујоркРочестерБелградНови САДПриштинаСараево. Во 1985 година победува на меѓународен натпревар во Москва со портрети во монументална димензија на фреско техника. Во 1988 година одржува ликовна изложба во Струмица во Домот на Културата – на тема Македонски револуционери од илинденската епопеја. Во 1989 година одржува изложба на тема македонски фолклор во чест на манифестацијата Гоцеви Денови во градовите: ПриштинаНови СадБелградСараевоТоронтоЧикагоСиднејМелбурн.
Во чест на децата бегалци одржува изложба во Македонската Академија на Науките и Уметностите во Скопје. До денес има одржано повеќе самостојни изложби во земјата и странство. Посебно место во неговиот уметнички опус земаат портретите.