strumica denes logo

Захариева е во Струмица!

Автор:

Датум:

јуни 15, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јуни 15, 2018

Категории:

Култура

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева денеска и утре е во посета на Република Македонија, соопшти бугарското МНР.

Захариева денеска е во посета на детската градинка „Сонце“ во општина Ново Село, каде во име на бугарското МНР донира компјутерска опрема. Подоцна во Струмица ќе присуствува на претставата „Железната светилка“ во изведба на театарот „Бугарска армија“.

На програмата на бугарската вицепремиарка Захариева се и средби со претставници од локалната власт во Ново Село и Струмица.

Захариева утре ќе биде во Скопје на официјалното отворање на фестивалот „One Love Tour 2018“, во кој учествуваат голем број изведувачи од Бугарија и Македонија.