Екипата на Беласица по низа години, конечно успеа да се врати во Прва лига, а раководството на клубот веќе се подготвува за новата сезона.
Денеска од гордоста на Струмица се пофалија дека добија уште едно ново име помеѓу тренерите во младинскиот погон на ФК Беласица.
Интересно, станува збор за девојче, а се работи за Александра Ристовска носител на УЕФА А тренерска лиценца. Александра исто така е и капитен на ЖФК Тиверија и е дел од женската фудбалска А репрезентација на Македонија, како и селектор во женската фудбалска репрезентација до 15 години.