По едногодишна позајмица во редовите на штипска Брегалница, стручниот штаб на Академија Пандев одлучи во своите редови за новата сезона да ги врати тројцата фудбалери Ване Јованов, Ристе Темелков и Михаил Маневски.
Тројцата фудбалери кои призлегуваат од младинските селекции на Академија Пандев минатата сезона беа едни од најдобрите поединци кај штипјани во Втора лига – Исток, поради што за нивните услуги постои интерес уште од неколку домашни прволигаши. Цел на Вардар е младинскиот репрезентативец Михаил Маневски, но од Академија Пандев потврдуваат дека ќе сметаат на него за настап во следната сезона за тимот во прволигашката конкуренција.
„И тројцата продолжуваат со исполнување на професионалните договори кои ги имаат потпишано со нашиот клуб. Академија Пандев уште од самото создавање на својата школа се залага во сениорскиот тим да бидат вклучени што повеќе фудбалери од својата младинска академија и им ги овозможи сите услови за да си го исполнат фудбалскиот сон“ – велат од Академија Пандев.