strumica denes logo

Уште еден струмички „бисер“ во Турција: Атанасов пристигна во Бурса (ФОТО)

Автор:

Датум:

јуни 4, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

јуни 4, 2018

Категории:

Спорт

Еден од најголемите таленти на Македонија, Јани Атанасов е пред потпис со екипата на Бурсаспор.

Тој оди по стапките на Елиф Елмас, кој минатото лето потпиша за Фенербхаче. Фудбалерот од средниот ред ги минал медицинските прегледи во Бурсаспор и веројатно во текот на утрешниот ден и официјално ќе биде презентиран на прес-конференција.

Атанасов доаѓа од редовите на Академија Пандев, а е стандарден член на младите македонски репрезентации. Беше еден од главните играчи во селекцијата до 19 години, која стигна до елитните квалификации. Изминатата сезона во Првата лига одигра 29 натпревари за „пандевци“, постигна четири голови и имаше осум асистенции.