Тимот на Академија Пандев реши веднаш да прејде од план на работа и по само неколку дена од завршувањето на шампионатот почна да прави реконструкција на екипата.
Од Струмица ни јавуваат дека е прекината соработката со неколку досегашни првотимци кои ќе си ја побараат среќата на друго место. Тоа пред се е стандардниот стоепр и младински репрезентативец на Македонија, Константин Чешмеџиев, а по него следува и голманот Никола Вујанац. Италијанецот Грифони исто така го заврши својот престој во Струмица, а искусниот Горан Ганчев и онака не доби премногу шанса за настап.
Управата на клубот вели дека наскоро ќе се пополнат дупките во тимот ќе се донесат адекватни засилувања за заминувањата, и ќе се почне со активни подготовки за новата сезона.