Со последното коло денеска од 16:30 часот се става точка на второлигашките возбудувања за сезонава на Истокот и на Западот. Веќе се познати новите прволигаши од двете страни, Беласица и Македонија ЃП, па останува уште да бидат познати екипите кои преку баражот ќе бараат шанса за прволигашка промоција.
На Истокот за второто место во битка се штипска Брегалница и велешки Борец. Но, Борец за стигнување до второто место, освен што ќе мора да победи на гостувањето против Саса во Каменица, ќе мора да се „крсти“ и во Беласица која денеска во Струмица мора да извојува победа против штипјани ако сака Борец втора позиција…
Струмичките Ајдуци најавуваат вистинско лудило, многу емоции, песна! Затоа сите на стадион, да го прославиме враќањето во елитата.
https://www.facebook.com/ultras.strumica/videos/1559303697531394/?t=3