Одбојкарките на Јанта Волеј се нови државни шампионки на Македонија, откако во четири натпревари ја завршија финалната серија од плеј-офот. По брејкот во третиот натпревар, одбојкарките на Јанта Волеј славеа на домашен терен против победникот на Купот, Куманово, со 3-1 и приредија славје за своите фанови.
Само две и пол недели по поразот во финалето на Купот на Македонија во Пробиштип, одбојкарките на Јанта Волеј покажаа карактер и неспорен квалитет за уште една национална титула.
Во вторникот заврши и машкиот плеј-оф, откако во четири меча Струмица го победи Вардар и ја одбрани круната од минатата сезона.