Академија Пандев ја задржа и воедно продолжи традицијата, па шеста година по ред ќе има барем еден тим од младинските категории кој ќе игра финале од Купот на Македонија.
Годинава две возрасни категории успеаа да се пласират на завршницата и да дојдат на чекор до титулата.
Генерацијата 2003 година во полуфиналето го елиминираше Вардар. Откако првиот меч во Струмица заврши нерешено без голови (0-0), во Скопје на реванш мечот млади „пандевци“ славеја со 1-2.
Финале во Купот ќе игра и генерацијата 2001 година кои пак во полуфиналниот двомеч беа поуспешни од Шкендија. Првиот меч во Тетово славевме со 1-2, додека денес во Струмица мечот заврши нерешено (1-1).