Академија Пандев ја имаше честа прва да го пречека новиот шампион на Македонија, тетовска Шкендија во 30. коло во Првата лига, и со одлично второ полувреме успеа да извлече 2:2 реми.
Шкендија во првиот дел за само три минути постигна два гола за да најави победа во Струмица. Жуниор во 16. и Ибраими во 19. минута беа прецизни за тетовскиот клуб, но Академија Пандев направи пресврт во второто полувреме – прво преку Балдовалиев во 53. минута, а потоа преку Јани Атанасов од пенал во 65. минута.