strumica denes logo

Тиверија со отворен пат до женското Куп-финале!

Автор:

Датум:

април 6, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

април 6, 2018

Категории:

Спорт

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги извлече паровите за полуфиналето од женскиот фудбалски Куп на Македонија, а фаворитите Драгон и Тиверија Струмица се избегнаа.

Тиверија Струмица во првиот натпревар ќе гостува кај АС Јунајтед, додека Драгонки ќе бидат домаќини на Борец од Велес. Судејќи според резултатите во првенството, односно фактот дека Тиверија убедливо го совлада АС Јунајтед, а Драгон беше подобар од борец – двата тима имаат отворен пат до посакуваното Куп-финале.

Првите натпревари се играат на 11 април, додека пак возвратните натпревари се играат на 25 април. Финалето е закажано за 30 мај.