strumica denes logo

ДЕНЕСКА ВО 14:00 ЧАСОТ ЌЕ СЕ ИЗВРШИ ПОГРЕБОТ НА МИЈАЛЧЕ КРСТЕВ – КОМАНДИР НА ПРОТИВПОЖАРНАТА ЕДИНИЦА НА СТРУМИЦА!

По повод смртта на Мијалче Крстев командир на Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица, градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, испрати телеграма со сочувство до семејството Крстеви, во која се вели:

Почитувани членови на семејството Крстеви,

Со неверување и голема тага ја примив жалната вест за прераната смрт на Вашиот сопруг и татко, а наш соработник, Мијалче Крстев. 
Мијалче ќе остане запаметен како извонредно ценет и почитуван граѓанин, а како командир на Територијалната противпожарна единица – Струмица, се одликуваше со својата професионалност, одговорност, пожртвуваност и сериозност во извршувањето на своите работни задачи. Како таков, вечно ќе остане во моето паметење.
Со неговото заминување, Општина Струмица се соочува со голема загуба, а Вашето ценето семејство со ненадоместива празнина. Па сепак, бидете горди што Вие бевте дел од него, а тој – дел од Вас.
Ако споделената тага е помала тага, тогаш примете го моето најдлабоко сочуство поради прераната смрт на Вашиот и наш Мија.
Нека му се вечни споменот и славата.

Погребот на Мијалче Крстев ќе се изврши денес во 14 часот на градските гробишта во Струмица.

Автор:

Датум:

март 28, 2018

Категории:

Струмица Денес