Јавно претпријатие за енергетски дејности “Струмица-Гас“ Струмица објави оглас за доделување на договор за јавна набавка на услуги за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа во Општина Струмица со вкупна должина од максимум 14.000 метри или 14 километри.
Според објавата на Бирото за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 37.000.000 денари или нешто повеќе од 600 илјади евра.
Предвидено е градежните активности да се завршат за една година.
Критериум за доделување на договорот е најниската цена.
Општина Струмица има околу 30 километри секундарна гасоводна мрежа.
Целата набавка може да ја видите ТУКА.