По повод меѓународниот ден на жената 8-ми март, домот за деца и млади „Благој Мучето“ денеска, ги додели наградите на авторите на најдобрите ликовни и литературни дела по распишаниот конкурс на тема „Жената-симбол на трудљубивост, храброст, нежност и љубов“. Од пристигнатите 200 ликовни и 90 литературни творби, беа доделени скромни, но стимулативни награди и тоа 19 за ликовните и 13 за литературни творби. Од пристигнатите ликовни творби беше отворена и изложба во фоајето на домот на АРМ. Оваа традиционална манифестација беше реализирана во соработка со основните училишта од општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село.